Двојно пониска е излезноста на денешниот референдум во однос на трите последни изборни цуклуси , односно на редовните парламентарни во 2014 и ма вонредните парламентарни 2016 и локалните избори 2017 година.
За споредба во 2014 година излезноста во 15 часот изнесувала 42,09 отсто, на предвремените парламентарни избори во 2016 година била 47,39 проценти, додека на локалните избори во 2017 година излезноста била 38,13 отсто . Заклучно до 15 часот денеска гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е околу 23 проценти.
Драстична разлика во излезноста има и во Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани.