
За само два часа во скопската општина Сарај имало проценутално зголемување на гласачите од 200 отсто или на секои 15 секунди гласал по еден избирач, коментира на социјалните мрежи политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски.
„Обрнете внимание на избирачкото место 2437 во Општина Сарај. Во 15.00 часот излезност од 220 гласачи. Во 17.00 часоти излезност од 720 гласачи. Зголемување од 23 на 76,5 отсто излезност за два часа! Во рок од два часа процентуално зголемување на гласачи од над 200 отсто! Или во превод, во периодот од 15 о 17 часот на ова избирачко место на секои 15 секунди глчасал по еден човек!“, пишува Даскаловски