Политиките на премиерот Зоран Заев и на енговата СДСМ доживеаја пораз од народот на вчерашниот референдум, кој им покажа „црвен картон“, рече во вечерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Вчера се случи пораз на политиките на Зоран Заев. Вчера се случи пораз на политиките на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и таа мала група на Зоран Заев, ние тие ги нарековме пајташи. Вчера народот му кажа едно големо НЕ, не само за тоа што кое беше дел од референдумот како референдумско прашање туку и на сите оние политки кои што владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги правеше изминативе година дена откако беше избрана, вели Мицкоски
Посочи дека тука се содржани сите порази и тоа на економски план, криминали кои биле секојдневие во животот на граѓаните. И тоа, според Мицкоски, кулуминарло вчера и претставувало реакција на целата онаа акција која владата на СДСМ и Зоран Заев ја правеле во изминатиот период.
Мицкоски пооцна во текот на раговорот истакна и дека народот на референдумот ѝ покажал црвен картон на власта, затоа што никој не може на сила да оди против волјата на граѓаните и токму затоа на следните парламентарни избори Заев и СДСМ повторно ќе добијат црвен картон.
„Народот им покажа црвен картон и народот и на следните избори без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори ќе им покаже повторно црвен картон и ќе ги прати во една трајна политичка пензија, онаму заборавен длабоко во времето на транзицијата на Република Македонија“, потенцираше Мицкоски
На прашањето дали може на сила да се истуркаат уставни измени, Мицкоски истакна дека „видовме дека еден процес ваков каков што е и на сила дури и не може да се истурка, бидејќи против волјата на граѓаните, против народот никој не успеал, така да нема ниту Зоран Заев и таа мала пајташи околу него да им успее“.