Обид за провалување во резиденцијата на Ѓулен во САД

Непознат маж се обидел во средата утрото по локално време да провали во резиденцијата на турскиот исламистички проповедник Фетула Ѓулен во американската сојузна држава Пенсилванија, потврди организацијата којашто се грижи за активностите на имамот голем противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во САД, и алудира на можноста дека зад тоа да стои турската влада.

Според соопштението на здружените „Alliance for Shared Values“ (ASV), „непознат маж, како што се чини вооружен, се обидел да влезе во комплексот во Сајлосбург, каде што веќе подолго време престојува Фетула Ѓулен“ кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД.

Еден од чуварите на комплексот истрелал куршум за предупредување и лицето се дало во бегство, се додава во соопштението. Во овој инцидент немало повредени, а целиот комплекс во моментов го пребарува полиијата.

Без директно да ги обвини владата во Анкара и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, од ASV исткнуват дек инцидентот се случил откако портпролот на Ердоган неодмана најавил „операции во странство“ против приврзаниците на Фетула Ѓулен кого Турција го обвинува дека со неговата организација со години создава „држава во држава“ во турскиот државен апарат и зад неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година.

Поради овие обвинувања турската влада упорно бара од САД екстрадиција на Ѓулен, поранешен политички сојузник на Ердоган, но Вашингтон досега го одбиваше тоа наведувајќи дека не добиле потполни информации и потврди за обвинувањата.