Градоначалникот на Ново Село мора да оди во затвор

Јавното обвинителство бара градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев да одлежи две години затвор, бидејки од 2015 тата бил под условна казна за сторено кривично дело проневера во службата.

 

Кривичниот совет при струмичкиот суд веќе заседавал по барањето на обвинителството да се активира казната, но одлуката како што кажаа од судот јавно ќе биде соопштена во понеделник.

Боро Стојчев за кривично дело „проневера во службата“ сторено пред 8 години, во 2015 тата бил осуден на условна затворска казна од две години, доколку не повтори дело во следните 4 години. Со оглед дека во меѓувреме Стојчев е правосилно осуден за ново кривично дело, Јавното обвинителство смета дека треба да се активира двегодишната казна која му истекува во април идната година.

Стојчев во јули годинава со уште 4 други лица беше фатен како пренесува цигари од марката калипсо пред македонско бугарската граница. Му се судеше за кривично дело обид за пренесување непријавена стока за што од струмичкито суд доби казна од 18 месеци, но по жалба на одбраната апелација казната му ја намали на 6 месеци.

Стојчев на функцијата градоначалник на Ново село дојде на ланските локални избори како кадар на СДСМ, Во мегувреме неговата матична партија покрената е постапка за исклучување од членството и побараа тој да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник.