
Малолетник бил ограбен од четворица насилници, вчера во скопската населба Козле, информираше МВР.
Случајот во полицијата го пријавил С.П.(49) од Скопје, мајка на ограбениот.
Според него, разбојништвото се случило околу 11.30 часот на крстосницата од улиците Стрезово и Илија Плавев. Тогаш четири непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 17-годишен син. Разбојниците му се заканиле со нож, по што му го зеле мобилниот телефон и побегнале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.