
Жител на Облешево загина кога автомобилот во кој се возел се превртел, информираше МВР. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 12.30 часот на автопатот Скопје – Велес.
Тогаш К.М.(33) од Облешево управувајќи автомобил „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел. Во несреќата на самото место починал сопатникот А.М.(46) од Облешево, а К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.
Извршен е увид на местото на настанот.