
Таткото на режисерот Јани Бојаџи, вчера бил приведен во рамките на акција за сузбивање криминална група за шверцување артефакти, изјавија од МВР.
Во акцијата биле уапсени 13 лица во неколку града, при што се привремено одземени голем број артефакти.
Повеќе детали за акцијата од полицијата најавија за денеска.
Режисерот вчера објави дека во домот на неговите родители во Струмица вчера утрото бил извршен претрес, по што татко му е приведен и донесен во полициската станица во Гази Баба во Скопје.