Романскиот референдум за еднополови бракови пропаднa поради слаб одѕив

Романците во неделата одбија да запишат во Уставот на нивната земја забрана за еднополовите бракови откако на дводневниот референдум кој го поддржа владата на социјалдемократите не излегоа доволен број избирачи.

Само 20,41 отсто од вкупниот број гласачи во Романија излегоа на овој еференду, кој започна во саботата, наведе Централната изборна комисија. За референдумот да биде регуларен, требаше да го достигна прагоди од 30 отсто од запишаните избирачи. Нема информации за тоа колку од излезените го поддржале референдумот, а колку биле против, како во случајот на Македонија.

„Ова претставува пораз за Романците и Романија“, изјави генералниот секретар на Социјалдемократската партија (PSD), Кодрин Стефанеску.

На референдумот повикаа невладини организации блиски на влијателната Романска православна црква собрани во Коалицијата за семејство, кои најавија дека собрале три милиона потписа од противниците на еднополовите бракови. На референдумот излегле 3,7 милиони од вкупно 19 милиони избирачи.

„Не ја постигнавме нашата цел, ќе го сториме тоа следниот пат“, изјави претседателот на Коалицијата за семејство, Михаи Горгиу.

Многу организации од невладиниот неолиберален сектор повикаа на бојкот на овој референум. Здружението Акцепт, кое се залага за правата на сексуалните малцинства, изрази задоволство од резултатите кои ја „покажуваа приврзаноста на избирачкото тело на европскиот пат на Романија, како и демократските вредности“.

Деветнаесет милиони избирачи во земјата имаа можноста до неделата вечерта да ја одобрат промената за дефиницијата за бракот за само „маж и жена“ да може да се венчаат а не повеќе „сопружниците“, како што сега стои во уставниот закон. Меѓутоа, Романците делумно и поради отпорот кон актуеланта владејачката гарнитура поради ударот врз правосудството и поради корупцијата, останаа дома.