Старец паднал од скала додека менувал улична светилка

Седумдесет и осум годишен старец од село Чегране, гостиварско, паднал од скала при менување на улични светилки.

Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.