
Скопјанецот Р.Т.(46) во полиција пријавил дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27.07.2018 година заминала за Р.Словачка на работа по претходен договор преку социјалните мрежи.
Тој до 01.10. имал контакт со неговата сопруга по што повеќе не може да стапи во контакт со неа бидејќи телефонскиот број преку кој контактирале, не бил во функција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од МВР.