
Започна одбележувањето на 77 годишнината од востанието на македонскиот народ 11 Октомври. Прилеп и Кумановo оваа година заеднички ќе го одбележат празникот.
Утре во Прилеп, а на 11 октомври во Куманово.
Планирани се бројни манифестации, трибини и дебати за овој значаен датум од поновата историја на македонскиот народ, неговата вековна борба за слобода и независност.
Во одбележувањата се вклучени и институции од областа на културата и историјата.
Пред почетокот на традиционалниот импровизиран напад на градот во центарот на Прилеп се очекува да се обратат градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на градот домаќин Прилеп градоначалникот Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев.
Ќе бидат посетени меморијалниот музеј 11 Октомври, Паркот на револуцијата и Алејата на народните херои, а прилепчани на 11 октомври ќе бидат во Куманово.