
Ќе се прошири областа во која ќе сеспроведува подводната потрага по малезискиот авион, кој со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8-ми март.
Педесет и фва дена од исчезнувањето на авионот не е откриено ништо.
– Ќе сториме се за да ја решиме оваа мистерија. Сакам семејствата на патниците во авионот и целиот свет да знаат дека Австралија нема да избега од одговорноста, истакна австралискиот премиер Тони Абот.
Авионот сообраќаше на релација Куала Лумпур – Пекинг, но од засега непознати причини скршна од таа релација и се насочи кон јужниот дел на Индискиот Океан. Се претпоставува дека потонал западно од австралискиот град Перт.