
Утре со почеток во 12.00 часот, во Музејот на македонската борба ќе биде отворена изложба на макети, минијатури и диорами изработени од макетари од Скопје и од Тетово. На изложбата за првпат ќе бидат изложени стотина макети на воени воздухоплови и борбена оклопна техника на модели кои потекнуваат од Првата светска војна, Втората светска војна, па сè до денес, како и воени орудија на Армијата на Република Македонија.
Автори на макетите се Драган Цветиќ, Славчо Георгиевски, Александар Стојановски, Михајло Ивановски, Душко Кировски и Бојан Јанковски.
Изложбата која се организира во соработка со Музејот на македонската борба ќе ја отвори командантот на военото воздухопловство, полковник Кире Колевски.