16.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Власта се занимава со случаи од пред 15 години, а сега имаме криминал од милиони евра

На новинарско прашање како го коментира денешниот нов случај на СЈО, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кажа дека не постои држава каде што премиерот е над волја на граѓаните, особено не по пропаднат референдум.

-Ваквите притисоци се показател на очајник, кој во очајот од пропаднатите политики, нема ништо што друго да примени за да избега од словото на правото и на правдата. Има причини за тоа има бројни криминали и затоа прибегнува кон сила. Но ништо не е посилно од гласот на народот и љубовта кон татковината. Власта е вистинскиот заштитиник на криминалот, а Зоран Заев е нејзниот главен покровител. Ако на власта и беше за правдата немаше да бега и да се крие од предлогот за нова обвинителска институција која ќе го расчисти со криминалот. Ја одбија затоа што СЈО им треба за политичка алатка за политички притисок, а воедно и да ги амнестира од криминалот кој што го прави оваа власт на дневно ниво , незаконието и сомнежите за корупција, изјави Стоилковски.

Стоилковски потсети дека додека власта се занимава со случаи пред 15 години, а имаме моментален криминал од милиони евра, само за набавка на учебници се стопија 5.3 милиони евра во 4 очи, се потрошија и милиони евра за крвави тендери во здравството, за криминални иновации, за бизнисите на тендерашот Анѓушев, оној трагикомичен скандал со 1.5 милиони евра за набавка на лубриканти додека народот гладува. Тоа е вистинската хипокризија на оваа власт.