Фудбалерот на „Црвена Звезда“, Филип Стојковиќ е најсомнителен во врска со сомневањата дека натпреварот со ПСЖ во Париз минатата недела бил наместен, јавуваат медиумите во Србија.
Информациите за местенката ги објави реномираниот спортски весник,„Л’Екип“, според кој, има сериозни докази дека е наместен по што беше аларамирана и УЕФА. Европската куќа на фудбалот отвори истрага, а случајот го истражува и обвинителството во Франција.
Според српски „Информер“, седум дена пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Звезда“, комисијата на УЕФА добила дојава дека натпреварот може да биде наместен. Биле забележани стотина уплати од по 5.000 евра на „типот“ дека „Звезда“ ќе загуби со пет голови разлика. Алармот бил вклучен кога во обложувачница во Азија имало обид на споменатиот „тип“ да се уплатат 200.000 евра.
Етичката комисија на УЕФА добила дојава дека натпреварот ПСЖ и „Звезда“ (6:1), бил наместен па поради тоа внимателно се следел секој потег на фудбалерите на теренот.
На инспекторите на УЕФА кои го гледале натпреварот во Париз, најсомнителен им бил Филип Стојковиќ, кој имал дури 29 сомнителни моменти но натпреварот.
Од двата клуба веднаш по објавувањето на веста од „Л’Екип“ oстро ги демантираа сите обвинувања.