
Германската полиција го уапси мажот, кој киднапираше жена на главната железничка станица во Келн.
– Полицајците влегоа во аптеката, каде киднаперот ја држеше, изјави портпаролот на полицијатра Кристоф Шулте.
Киднаперот е повреден, но не се наведуваат детали.
– Осомничениот е под контрола, а жената, кој е ослободена е полесно повредена, објави полицијата на Твитер
Железничката станица во Келн, која е една од најголемите во Германија денеска беше затворена и евакуирана поради заложничката криза, која почна во 12 часот и 45 минути по локално време. Исто така беше блокиран и плоштадот зад станицата.
Се уште не се познати мотивите за киднапирањето на жената.