
Полицијата вечерва во тетовското село Гајре, го приведе А.К.(53) кој вчера ја застрела својата сопруга Х.К.(52) во Мала Речица.
Според полициски информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица.
По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил, по што избегал.