На Денот на исчезнати лица во Ѓаковица маршираа семејства на лица кои се уште се водат како исчезнати од војната на Косово во 1999-та година.
Повеќе од 1.700 лица, кои исчезнаа за време на конфликтот кон крајот на 90-тите, сé уште не се пронајдени.
Семејствата заедно со градоначалникот на Ѓаковица маршираа од центарот на градот до селото Меја, каде бил извршн еден од најголемите масакри во 1999-та година.
Во април минатата година, Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, објави дека се идентификувани околу 20 лица, кои би можеле да бидат обвинети за воени злосторства во Ѓаковица, извршени на 27 и 28 април 1999 година, кога, како што се верува, од страна на српските сили, биле убиени стотици етнички Албанци.