(ВИДЕО) Во поплавите во Франција настрадаа најмалку 70 места

Поплавите во коишто загинаа единаесет лица а три се водат за исчезнати во францускиот департман Од, на југоистокот од земјата, погодја повеќе од 70 села и гратчиња, изјави префектот на департманот Ален Тирион.

„Во моментов составуваме прецизен список применувајќи ја постапката за природни катастрофи. Во сегашниот стадиум, повеќе од 70 места се погодени. Но, кога билансот ќе биде готов, ќе надмине 100 односно 120 места со различни степени на нанесени штети“, додаде Тирион

Според локалните медиуми во вторникот претпладнето изгледало дека состојбата е стабилна.

„Имам впечаток дека тоа е малку веќе зад нас, Но останува претпазлив. Ги следиме метеоролошките извештаи и ќе видиме што ќе се случува следните неколку дена. Останувам претпазлив, бидејќи сé уште не сме излезени од кризата и мораме да останеме многу претпазливи. Но еден дел останува зад нас“, додаде Тирион.

Во врска со поплавите во областа Нарбона, „нашата загриженсот е послаба отколку вчера“, продолжи. Според него, 1.500 домаќинства сé уште се без електрична енергија во вторникот претпалдне, наспроти 7.000 во понеделникот утрото, а 10.000 жители се без вода за пиење. „Поделивме илјадници шишња со вода на населението“, истакна Тирион.

Поради овие невобиачено големи поплави за областа, ангажирани се повеќе илјади лица, од кои 600 пожарникари, 250 жандарми , 200 припадници на службата за цивилна заштита и стотина полицајци.

Годинава 2018-та инаку е најжешката во историјата на мерењата на температурата од 1900 година.