Ќе се реконструира спомен куќата на Стив Наумов во Битола

Во тек се конзервацијата и реставрацијата на спомен куќата на еден од најистакнатите македонски револуционери Стеван Наумов – Стив.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола изработија проект за конзервација и реставрација на фасадите на спомен-куќата, на покривната конструкција и на внатрешноста на објектот.

Народниот херој Стив Наумов е едно од најсветлите имиња во историјата на Битола кој загинал на 22-годишна возраст во борба со фашистите кај село Болно, Преспа, заедно со поетот Мите Богоевски.