
На старите турски гробишта во Битола во четвртокот вечерта избувна пожар, пренсуваат локалните портали.
Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението. Се сомневаат дека станува збор за подметнат пожар зашто избувнал доцна попладнево.
Фотографијата ја испратиле жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат да се видат дури и преку покривите на околните куќи.
Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколкупати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација.