
Подшката за демохристијаните и социјалдемокатите кои наизменично ја водеа геманската политика по Втората свеска војна, според резултатите од последните истражувања на јавното мнение, и натаму е во пад.
Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, заедно со нејзината сестринска баварска партија Христијанско-социјална унија (CSU), ја добиле поддршката од 25 отсто од гласачите, според анкетата што ја спроведе Deutschlandtrend за јавниот сервис ARD на пимерок од 1.040 испитаници. Нивните традиционални ривали, но трипати партнери во ткн Гроско или Голема коалицаја од што двапати по последните два изборни циклуса за Бундестагот во 2013 и 2017 година, Социјалдеморкатската партија на Германија, добива 14 отсто поддршка. И двете политички групации, со ова загубиле по еден процентен поен поддршка споредено со минатата седмица.
Резултатите од анкетата спроведена во вторникот и средата, укажуват дека овие партии, коишто во моментов се во еден контрадикторен сојуз и ја формираат владејачката коалиција со која беа избегнати опциите за малцинска влада на Меркел или распишување повторени парламентарни избори, во моментов се далеку од можноста да состават влада доколку изборите се одржат оваа недела.
Поддршката за Зелените, на кои им се приклонуваат гласачите за кои темите како што се доселувањето и миграциите не се примарни, се веднаш зад унијата CDU/CSU, е зголемена за 2 отсто, и сега оваа партија би ја поддржале 19 отсто од гласачите. Тоа е најдобриот резултат на Зелените уште од септември 2011 година.
На третото место со 16 отсто доверба меѓу Германците е релативно новата партија Алтернатива за Германија (AfD) којашто пред пет години се појави на сцената како евроскептична групација којашто последните две години ги привлекува и противниците на мигрантските политики. Според тоа, AfD има иста доверба кај гласачите како и минатата седмица, што укажува на стабилизирање на нејзиниот гласачки корпус пред покраинските избори во Есен, којашто остана единствената сојузна земја во чијшто регионален парламент оваа партија не е застапенa.
Либералите од Слобоната демократска партија (FDP) имаат 11 отсто поддршка, еден процентен поен повеќе од пред седум дена, а крајната лева партија Левица (Die Linke), панала за еден процентен поен од минатата недела и сега има поддршка од 9 отсто од гласачите.