Франција без Карабатиќ на СП

Најдобриот светски ракометар, Никола Карабатиќ нема да настапи за репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Германија и Данска во јануари следната година, бидејќи по извршената операција на левото стапало ќе отсуствува од терените шест месеци, објави неговиот клуб ПСЖ.

Болката стана пресилна. Ми беше невозможно да играм и да тренирам, изјави Карабатиќ(34) на кого ќе му требаат од 4 до 6 месеци за да се опорави од операцијата на стапалото кое има девијација на палецот од декември 2016 година.

Карабатиќ со Франција освои две олимписки титули, четири титули светски првак и три титули европски првак.

Ова ќе ми биде првото големо натпреварување на кое нема да бидам со репрезентација, ми беше тешко да се откажам од тоа. Но во исто време, знам дека немаше да можам да играм ако продолќев со настапите. Можев само да ја влошам состојбата и да ја доведам во прашање кариерата, додаде Карабатиќ.

Оваа операција е исто така тежок удар за ПСЖ, која три години за ред безуспешно се обидува да ја освои Лигата на шампиони.