Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис ќе се обиде за време на летниот преоден рок за смешна парична сума да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Ерик Ламела.
Младиот напаѓач е познат како најскапа аквизиција во клупската историја на англискиот премиерлигаш, но иако за неговите услуги беа потрошени околу 30 мил. фунти, Ламела, има запишано само неколку настапи во домашниот шампионат и во Лигата на Европа, а останатите натпревари го следеше од свечената ложа или од пред малите телевизиски екрани.
Првиот човек на популарните “азури” е убеден дека челниците на Тотенхем сакаат под итно да се ослободат од Ламела кој има астрономна годишна плата и дека ќе прифатат понуда не поголема од 10 мил. фунти.