
Џулијан Асанж ја тужи владата на Еквадор за кршење на неговите фундаментални права и слободи, и покрај фактот што тој сé уште е засолнат во амбасадата на оваа земја во Велика Британија.
Овој потег доаѓа неколку месеци откако Еквадор му ги прекина комуникациите на Асанж и само неколку дена откако вовеле нови куќни правила за основачот на Викиликс, вклучувајќи и забрана за давање на политички изјави.
Адвокатот на Викиликс, Балтазар Гарсон пристигнал во Еквадор за да ја поднесе тужбата, а закажано е и сослушување во судот следната недела.
Викиликс рече дека Еквадор се заканил дека ќе му ја отстрани заштитата на Асанж, иако доби политички азил и додаде дека пристапот до надворешниот свет му бил кратко отсечен. Асанж стравува дека ќе биде екстрадиран во САД ако ја напушти амбасадата.
Викиликс рече дека владата на Еквадор одбила посета од генералниот советник на Хјуман рајтс воч, Дина ПоКемпнер, кој ја споредил изолацијата на Еквадор со „самица“ и не дозволила неколку средби со неговите адвокати.
Адвокатите на Асанж рекоа дека исто така ја оспоруваат законитоста на „специјалниот протокол“ на Еквадор, што го прави неговиот политички азил контингент за “цензурирање” на неговата слобода на мислење, говор и асоцијација.
Протоколот исто така бара од новинарите, неговите адвокати или било кој друг што бара да го види Асанж да ги открие приватните или политичките детали, како што се нивните кориснички имиња во социјалните медиуми како и сериските броеви и кодови на нивните телефони и таблети.