Унгарија купува злато, што е планот на Орбан?

Унгарската централна банка ги зголеми своите резерви на злато за 10 пати, односно од 3,1 на 31,5 тони. Банката не соопшти колку ги платила 2.300 златни прачки, но цената на една унца злато на светскиот пазар на почетокот на овоја месец изнесуваше меѓу 1.190 и 1.230 долари, кога Унгарската централна банка го објави првото купување на злато по 1986 година.

Унагарските резерви на злато на почетокот на 70-тите години на мимнатиот век изнесувале 65-70 тони. По одлуката кон крајот на 1980-тите за намалување на резервите, нивниот износ е сведен на 10 тони, а подоцна и до актуелните три тони.

Денес резервите на Унгарија се веќе 31.5 тони наспроти 3,5 тони само пред еден месец, што значи дека златото веќе има 4.4% удел во вкупните резерви на земјата.

Унгарија е уште земја во ЕУ која се насочува кон купување на злато во последните месеци, а според информациите од сајтот на централната банка, станува јасно дека ова се првите купувања на злато од 1986-та година.

Во моментов 31,5 тони злато во земјата вредат 1,24 милијарди долари според тековните цени. Златото веќе пристигна во Унгарија, објавувајќи фотографијата на нејзината страница. Полска, пак, купи 9 тони злато во јули и август оваа година, а од почетокот на 2018-та година, Русија, Казахстан и Кина го забележаа најзначајниот раст. И покрај купувањето на 28 тони злато месечно, Унгарија се уште е далеку од првите 50 земји со најголеми резерви на злато. САД и Германија се на врвот, додека во последниве години Русија купува просечно по 20 тони секој месец.