
Возачот на „Дукати“, Андреа Довициозо од пол-позицијата за утрешната трка за Големата Награда на Јапонија во Мото ГП шампионатот ќе се обиде да го спречи Марк Маркез да ја освои титулата.
Италијанецот беше најбрз на квалификациите, што е негова втора пол позиција сезонава, па има шанси со победа да му се доближи на Шпанецот, кој е бранител на титулата. Маркез на три трки пред крајот на сезоната може да ја освои титулата ако биде подобар од Довициозо.
Шпанецот утре ќе стартува од шестата позиција. Од втора и трета позиција ќе тргнат Јоан Жарко со „Јамаха Тек“ и Џек Милер со „Прамак Рејсинг“.
Зад топ 3 утре ќе започнат Кал Крачлоу „ЛЦР Хонда“ и пилотот на „Сузуки“ Андреа Јаноне. По шестиот
Маркез ќе тргне Маверик Винњалес „Јамаха“, Алекс Ринс со „Сузуки“ и Валентино Роси со „Јамаха“.