Ракометарките ги почнаа подготовките за дуелите со Германија

Пред одигрувањето на квалификациските натпревари за Европското првенство против Германија, селекторот на женската ракометна репрезентација Ристо Магдинчев ги почна подготовките. Покана од селекторот доби и ракометарката на шампионот Вардар СЦБТ, Ана Виноградова, една од трите странски засилувања за „црвено-жолтите“

Македонија по двете загубени средби од Русија има минимални шанси за пласман на ЕП, но останува против Германија на јунските дуели да се обиде да стигне до поволен резултат. Првата средба е на домашен терен на 11 јуни, а реваншот е три дена подоцна во Германија. За пласман на ЕП, избраничките на Магдинчев треба дава пати да ја совладаат Германија.

СПИСОКОТ НА РАКОМЕТАРКИ
ГОЛМАНИ: Антиќ Наташа (ЖРК МЕТАЛУРГ), Дурланова Сандра (ЖРК МЕТАЛУРГ), Петковска Драгана (ЖРК ВАРДАР СЦБТ)
КРИЛА: Саздовска Јована (ЖРК МЕТАЛУРГ), Митрова Драгица (ЖРК МЕТАЛУРГ), Николовска Симона (ЖРК МЕТАЛУРГ), Ристовска Сара (ЖРК МЕТАЛУРГ), Виноградова Ана (ЖРК ВАРДАР СЦБТ)
БЕКОВИ: Ливриниќ Елена (ЖРК МЕТАЛУРГ), Јовановска Дајана (ЖРК МЕТАЛУРГ), Саздовски Ивана (ЖРК ВАРДАР СЦБТ), Белеска Андреа (ЖРК МЕТАЛУРГ), Величковска Габриела (ЖРК МЕТАЛУРГ), Дордиевска Душица (ЖРК МЕТАЛУРГ), Гроздановска Симона (ЖРК МЕТАЛУРГ)
ПИКЕРИ: Мечевска Робертина (ЖРК МЕТАЛУРГ), Младеновска Наташа (ЖРК МЕТАЛУРГ)