
Доцна вечерва околу 20 часот е завршен претресот во куќа во скопско Ржаничино, во сопственост на Миленко Неделковски, потврдија за Телма полициски извори. Од куќата се одземени комјутер и телефон на Неделковски кои ќе бидат дадени на вештачење и на анализа во рамки на постапката на обвинителството.
Денеска по пријава од одделот за компјутерски криминал и форензика на МВР, обвинителството отворило постапка за да утврди дали заканувачки пораки со говор на омраза се дело на Тв водителот. Се вршат проверки, а лицето е повикано на разговор, ни соопштија од обвинителството.
Полицијата се сомнева дека Неделковски преку социјалните мрежи предизвикувал и повикувал на загрозување на сигурноста на пратениците кои гласале за отпочнување постапка за уставни измени.