ОВЕН
Само опуштете се и ве чека многу успешен работен ден. Во ведра атмосфера денеска ќе можете да дадете максимум. Добра соработка со личност родена во знакот на Девица. За слободните во овој знак, ова нема да биде ден каде што ќе се случи нешто важно. Во грч сте, и исплашени. Пад на иминутетот.
БИК
Ве чека голема работа. Ако сакате вашиот бизнис да не трпи поради мешање со пријателство, пробајте да ги систематизирате работите. Распоредите ги обврските во текот на денот. Лав може да ви биде добар сојузник. Некој кон вас гледа со почит и со восхит. Но може позади сето тоа да не стојат искрени намери, туку само корист. Добро.
БЛИЗНАЦИ
Вам ви е потребна извесност кога се приходи во прашање. Економијата на успехот исклучува кампањски пристап. Бикови се одлични за соработка денеска. Билзнаците во врска ќе имаат страв од раскинување и губење на партнерот. Слободните припадници на овој знак ќе бидат нешто поопуштени, па можно е познанство со личност со ведар дух. Пазете се од повреди.
РАК
Вашите паѓања можат да бидат многу болни. Само што сте помислиле дека сте тргнале успешно, потоа ве облева страв. Затоа секогаш барајте поддршка. Но, таа овој пат изостанува. Партнерот е нежен, и тоа ве изненадува. Сте поминале низ доста ладен период. Хороскоп за слободните Ракови прогнозира врска. Проблеми со жлездите.
ЛАВ
Овен или Јарец денеска ќе ви бидат сојузници. Амбиции не ви недостасуваат, само треба коцките да се поклопат и ќе имате многу успешна седмица. Верувајте во себе. Слободните Лавови може да очекуваат средба која ќе донесе многу убави изненадувања. Оние кои се во брак или во долга врска, влегуваат во проблематичен период. Добро.
ДЕВИЦА
Ако сте успеале да се одморите во текот на минатиот викенд, тоа ќе ви биде најдобрата инвестиција. Затоа што ве чека работа, и тоа многу работа. Многу обврски се префрлени на вас, дел од нив и по ваша вина. Партнерот може да биде многу нежен кон вас денес. Можеби ни вие ни партнерот не ја знаете причината, но прифатете го тоа силно. Ќе ви годи заедничко бањање. Посетете лекар.
ВАГА
Додека сте во тим, секоја работа ви оди од рака. Но што нешто пробувате самоволно, одеднаш излегуваат непредвидени тешкотии. Пробајте да најдете златна средина. И кога вие чувствувате дека не сте во елемент, просто зрачите. Денешниот хороскоп кажува дека ќе бидете „кобни“ за некоја личност од знакот на Стрелец или Шкорпија. Проблем со дишните органи.
ШКОРПИЈА
Она кое сте го планирале, и што ви тргнало добро, одеднаш застанало. Плановите кои сте ги имале во врска со договорање на една работа, паднаа во вода. Морате од почеток. Се затворате во себе, во вашата самотија. Внатре не може никој да влезе. Следува фаза на чистење. Проблеми со внатрешните органи.
СТРЕЛЕЦ
Брзо носите одлуки кои веднаш се покажуваат како ефикасни. Во денешниот хороскоп за вас нема место за размислување. Лекциите од минатото доволно сте ги совладале. Стрелците во вези може да имаат проблеми со разбирањето. Не ви оди комуникацијата. Ако сте слободни, можно е да влезете во кратка авантура.Чувствителна кожа.
ЈАРЕЦ
Сконцентрирани сте на добивка, и тука нема менување на плановите. Можни се промени на тактиката како да дојдете до целта. Во работните обврски ќе ви значи помош од личност во знакот Бик. Денеска не сте во елемент. Јарците кои се во брак или во врска влегуваат во монотонија. За слободните ова е безгрижен период. Ишијас или воспаление на мускулите.
ВОДОЛИЈА
Баравте преголем залак, иако имавте други договори. Можно е да останете со „куси ракави“ во оваа работа. Немојте да се срамите да ја признаете грешката Вашата комуникација напредува. Нема веќе „глуви телефони“ или претерано его. Сепак, тоа не треба да значи да престанете да мислите на себе. Не е лошо.
РИБИ
Можете во полн здив да влезете во нови работни предизвици. Ве очекува добар период. Не сте се наметнале, но вашата работа е далеку пред колегите. Тоа некој го приметил Можеби чувствувате малку инфериорност во односот на партнерот или кон некој кон кого имате симпатии. Тоа се интензивни, но чувства кои поминуваат. Работете на самодовербата. Проблеми со репродуктивниот систем.