Оваа среда временската прогноза од претежно ведро утро, сончево претпладне во некои краеви, напладне ќе донесе силен ветер од северен правец кој ќе биде најинтензивен во повардарието, штипскиот и овчеполскиот регион а на моменти ќе има брзина и над 80 km/h.
Продорот од север ќе донесе и позначајна облачна маса која релативно бргу ќе се преместува од север кон југ а можни се и локални слаби дождови.
Помеѓу 4°С и 8°С утрински температури , додека дневната максималната ќе достигне вредности помеѓу 16°С и 19°С во котлините а долж повардарието и на југоисток ќе има вредност помеѓу 20°С и 23°С.
Во Скопје се очекува облачност која ќе се зголеми доцна попладне , а повремено ќе дува силен северен ветер . Максималната температура денес ќе достигне до 20°С а утринската ќе се движи околу 5°С.