Малолетник повреден во сообраќајка

Малолетник бил повреден кога автомбилот во кој се возел се превртел, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 18.30 часот на улицата Александар Урдаревски во Бутел.

Тогаш Л.А.(20), управувајќи автомобил „форд галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел. Притоа, тешко е повреден 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.