„Барселона“-„Интер“ и „Борусија Дортмунд“- „Атлетико Мадрид“ се најинтересни натпревари во денешната програма од третото коло на Лигата на шаппиони.
Каталонците на „Ноу Камп“ без повредениот Лео Меси, кој има скршеница на раката, ќе ги пречекаат гостите од Милано, кои по долги години се конкурентни во Лигата на шампиони. „Барселона“ по серијата слаби резултати во Примера викендов победи против Севиља, но има две победи во ЛШ, исто како и „Интер“.
Исто како во групата „Б“, така и во групата „А“ ќе се сретнат двете непоразени екипи кои се без пораз. „Атлетико“ гостува на „Борусија“ за која во феноменална форма настапува Алкасера, кој на пет натпревари има постигнато осум голови.
ДВата натпревари се играат во терминот од 21 часот, за кога се закажани останатите дуели: „Галатасарај“-„Шалке“, „Ливерпул“-„Црвена Звезда“, „Локомотив“-„Порто“ и „ПСЖ“-„Наполи“, додека од 18.55 се играат мечевите „Бриж“-„Монако“ и „ПСВ“-„Тотенхем“.