
Меѓународната компанија „АрцелорМиттал“ минатата недела добила обврзувачка понуда од „Либерти Хаус груп“ за купување на капацитетите Арцелор Митал Острава (Чешка), Арцелор Миттал Галац (Романија), АрцелорМиттал Скопје (Македонија) и АрцелорМиттал Пиомбино (Италија).
Оваа вест е објавена на официјалната страница на купувачот libertyhousegroup.com
Со тоа е исполнет дел од ветувањето дадено на Европската комисија, а во врска со преземањето на италијанската челичарница „Илва“ од страна на „Арцелор Миттал“, оценува Ројтерс.
Со исклучително значајна трансакција, со што вкупниот капацитет за валање на Либерти ќе надмине 15 милиони тони годишно, Групацијата поднесе обврзувачка понуда да ги купи главните интегрирани бизниси на Арселор Митал во Галац во Романија и во Острава во Република Чешка, заедно со фабриките за валање во Скопје во Македонија и Пјомбино во Италија.
Додавањето на овие челични центри од огромно значење, го зголемува повеќе од двојно глобалниот капацитет за производство на метали на Либерти, што веќе зазема силна позиција во Обединетото Кралство како снабдувач со челик и алуминиум на автомобилскиот сектор, секторот на авиоинженериг и секторот на специјалистички инженеринг, а во Австралија врши снабдување со челик за градежништвото и инфраструктурата. Исто така, Групацијата произведува челик во САД за автомобилскиот сектор и други сектори.
Новиот европски капитал ќе го зајакне капацитетот на Либерти преку широк спектар на рамни и долги производи и ќе го отвори патот на Групацијата за развој на своите примарни и одржливи производни модели од ГРИНСТИЛ во индустриските јадра на континентот.
Денешното известување следува по неодамнешното воведување на инвестициската програма на Либерти во Франција, каде што го купи последниот преостанат производител на алуминиумски тркала во земјата и се договори да ја купи најголемата топилница за алуминиум во Денкерк; зделката се очекува да се склучи наскоро.
Либерти го обезбеди статусот на претпочитан наддавач за европските фабрики на Арселор Митал против конкуренцијата од другите производители, откако компанијата ја стави на продажба профитабилната актива како дел од договор со регулаторите на конкуренција во ЕУ за да се расчисти патот и Либерти да го купи италијанскиот гигант во челичната индустрија, Илва, најголемиот производител на рамни производи од јаглероден челик во Европа. Либерти има блиска соработка со Арселор Митал со цел да подготви трансакција што ги задоволува барањата на Европската комисија и да создаде безбедна иднина за овие бизниси во рамките на Алијансата ГФГ.
По завршувањето, Либерти има намера да продолжи да инвестира во имотот и веќе има многу врвни објекти, и има за цел да постигне поголема конкурентност преку производство со минимално испуштање стакленички гасови поблиска интеграција со производството во понатамошна преработка со додадена вредност, како дел од својата стратегија „ГРИНСТИЛ“.
Покрај тоа, Либерти и пошироката Групација ГФГ имаат цел да развијат блиски работни односи со соодветните влади, синдикати и други локални заинтересирани страни со цел да ја оптимизираат вредноста на активата на челик за регионалните и националните економии.
„АрцелорМиттал“ е водечка светска компанија за челик со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работи во повеќе од 60 земји, а има објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и е светски лидер во сите главни пазари за челик.