Њујоршката полиција ги истражува извештаите за „сомнителен пакет“ пронајден во четвртокот на Менхетен, по низата сомнителни пакети испратени последните денови на адресите на истакнати членови на Демократската партија.
„Ве молиме да ја избегнувате оваа област и да очекувате присуство на полицинјата и потешкотии во одвивањето на сообраќајот“, објави њујоршката полиција на Twitter.
Американската телевизиска мрежа NBC News извести дека сомнителниот пакет е откриен на локацијата којашто наводно се поврзува со Роберт Де Ниро. Актерот е сопственик на ресторан во таа област, а некои медиуми во извештаите наведуваат дека тој често го критикува претседателот Доналд Трамп.
Покрената е истрага за сторителот. Засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со сомнителните наводни пакети-бомби испратени на адресите на поранешните претседатели од Деморкатската партија Барак Обама и Бил Клинтон чијашто сопруга Хилари Клинтон беше неуспешен претседателски кандидат на изборите во 2016 година, како и на новниот голем донатор, берзански шпекулант и милијардер Џорџ Сорос.
Сомнителен пакет бил испратен и во њујоршката редакција на телевизијата CNN адресиран на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, потоа на демократската пратеничка Максин Ботерс, на поранешниот државен обвинител од времето на администрацијата на Обама, Ерик Холден, но неговиот пакет бил испратени на погрешна адреса.
Повратната адреса на паклетите била адресата на канцеларијата на претеничката на демократите Деби Васерман Шулц на Флорида, поранешна претседателка на Националниот комитет на Демократската партија. Таа си поднесе оставка пред претседателските избори во 2016-та кога во јавноста протекоа непријатените преписки на челнциите на партијата во коишто се даваа насоки како да се омаловажи и да се саботира внатрепариската кампања на сентаторо Боб Сандер во полза на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Иако нема официјална потврда дека станува збор за вистински експлозивни направи, случајот крена прашина бидејќи се случува две седмици пред одржувањето на изборите на половината од претседателскиот мандат за Конгресот. Ниедна од седумте наводно експлозивни направи не експлодирала и нема повредени, но некои демократи оценија дека овие закани претставуваат „симптом на заострување на политичката реторика што ја промовира претседателот“ Доналд Трамп, кој во средата остро го осуди случајот.