Груевски на 8 ноември треба да влезе во затворот „Шутка“

Екс премиерот Никола Груевски на 8 ноември треба самиот да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна во истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари, потврдија за „Фокус“ од Кривичниот суд.

Денеска во Основниот суд Скопје 1 му бил предаден упатниот акт, во кој пишува дека за 13 дена треба да се пријави во затвор. Доколку самиот пак не отиде, тогаш ќе биде спроведен со полициска асистенција.

Поранешниот премиер Груевски е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконито влијание при набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра.