Цената за акцијата на НЛБ се очекува да биде од 51,5 до 66 евра

Словенија во петокот започна со постапката со којашто до крајот на годинава треба да продаде најмалку 50 отсто од Нова Љубанска банка (НЛБ), објавувајќи дека цената којашто се очекува се движи меѓу 51,5 и 66 евра за акција.

Како што е објавено на интернет страницата на Љубљанската берза од Словенечкиот државен холдинг (SDH), институцијата којашто управува со државната сопственост, распонот на конечната цена за акцијата на НЛБ е од 68 до 88 отсто од вредноста којашто ја имала кон средината од оваа година.

Со објавата на проспектот за продажба и официјално започна продажбата на најголемата словенечка банка во државна сопственост преку методот на иницијана понуда на акциите (IPO). Книгата на нарачки се отовра во понеделникот на 8-ми ноември. До 7-ми ноември се очекуваат понудите од физички лица на коишто им се нудат 10 отсто од акциите, а последниот ден е резервиран за институционалните вложувачи.

Според договорот со Европската комисија, којашто бараше приватизација на банката за докапитализиацијата од страна на државата изведена во 2013 година да не се мета како недозволена субвенција според европските правила за конкурентноста, Словенија до крајот на оваа година треба да продаде 50 отсто плус една акција на НЛБ. До крајот на следната 2019 година треба да продаде уште четвртина, при што би и останало 25 отсто од акциите плус една „златна“, за да ја задржи позицијата на стратешки и најголем сопственик во банката која има системско значење.