Најмалку шест лица смртно настрадале, тринаесет се поведени а едно се води како исчезнато, во поплавите коишто го погодија југот на Русија и принудија стотици да ги напуштат своите домови, сопштија во петокот локалните власти.
Повеќе од 2.400 домови, во коишто живеат повеќе од пет илјади луѓе, се поплавени во регионот Краснодар, на југот на Русија. Повеќе од две илјади домови останале без снабдувањето со електрина енергија.
Во Сочи целосно е воспоставено во петокот попладнето снабдувањето со електрична енергија. Во Краснодар на железничката стануца се поставени три патнички композиции, а патнциите кои се наоѓале во областите зафатени со стихијата остануваат во купеата и за нив е организирана бесплатна исхрана.
Ширум црноморскиот регион оваа седмица наврна големо количестов дожд, еднакво на двомесечниот просек во оваа област, што доведе до излевање на реките од коритата. Поплавите ги оштетија и сообраќајниците, а поради уривање на дел од железничкиот мост, одложени се заминувањата на повеќе од 20 возови од регионот долж брегот на Црното Море. Метеоролозите и за вечерва предвидуваат обилни врнежи во Сочи.