Почвата во Грција уште се тресе по силниот земјотрес

Многу потреси се регистрирани во петокот и саботата по разорниот земјотрес во Грција, а почватат уште силно се тресе, јавуваат грчките медиуми.

Грчкиот остров Закинтос полека излегува од шокот по земјотресот со сила од 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Во изминатово деноноќие, во областа на Јонското море се случија педесетина помали потреси, од кои најголемиот беше со интезитет од околу 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Има потреси и од 4, 3 и 2 степени.