
Криминалот на власта и картелот на Зоран Заев не смее да се покриваат со распродажба на националните интереси, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Аболицирани криминалци не се и не може никогаш да станат европска вредност. Македонија нема да стане членка на ЕУ се додека не биде санкциониран рекетот по принцип ’евро за Вицето – евро за црквата’. Македонија не е , ниту смее да стане уште едно евро за поктусурување во матните зделки на Заеви. Северните социјалдемократи, спротивно на волјата искажана на гласачите, во парламентот насилно и со мафијашки методи го газат Уставот со насилен процес за менување на уставното име, историјата, културата, наследството, идентитетот на македонскиот народ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде, дека до седиштето на, како што ја нарече владејачлката СДСМ – „Севернитесоцијалдемократи“, носи копија од Извештајот на конечниот резултат од референдумот на 30-тисептември објавен во Службен весник 2018 година , каде стои дека одлуката за прифаќање на Договорот од Преспа за натамошни евроинтеграции не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.
„Тоа значи дека повеќе од половината гласачи, и покрај поткупот, уцените, заканите и манипулациите, го отфрлиле капитулантскиот договор. Во таков случај, според Уставот, власта мораше, потенцирам мораше, да го напушти договорот и заради пропаста на нејзината политика, да распише избори“,истакна Стоилковски
Стоилковски вели дека се по 30-ти септември е дополнително силување на демократијата, силување на граѓаните, силување на државата.
„Моментното премолченото одобрување од мнозинството на социјалдемократите и од стручната јавност, веројатно предизвикани од страв и уцени, наскоро ќе стане претешко петно, кое ќе се зголемува со секое договорено бришење на историјата и преименување на македонските институции. Тоа државата нема да може да го издржи, а одговорноста ќе биде нивна. Почитувани, доста е. Македонија не заслужила да биде владеена од криминалени мафијашки кланови и на ваков начин да се носат политички одлуки. Доста е од распродажба на државата и на интересите, и на минатото и на иднината. Единствен раст во економијата има во компаниите на кланот. Општеството тоне економски духовно политички семејно; а главни вредности станаа лоповлукот, корупцијата, насилството, уцените, продажба на образот, понижување на пратеници и собранието, газењето на уставот и законите! Ниедна институција не работи, сите пари се потрошени, работниците се доведени во безизлез. Општеството се згрозува од селективна судска неправда преку диригирани политички пресуди. Главен реформатор на правосудството е аболициран и помилуван човек снимен како бара едно евро за метар квадратен државна земја. А сега, сега истиот прифати се’ од уцените за капитулантскиот договор. Сево ова не е и не може да биде европски, западни, човечки вредности. Нив, почнувајќи од правото и правдата и почитувањето на човековото достоинство, не може да ги спроведе држава водена од мафијашки клан. Македонија не заслужува да биде згазена од капитулантска власт за една намена, рече Стоилковски.