
Во средбите од деветтото коло на германското фудбалско првенство, актуелниот првак Баерн Минхен на гости го совлада Мајнц со 2:1 што е трета победа во нмиза, додека моментал но водечката на табелата Борусија Дортмунд на својот терен киксираше одигрувајќи 2:2 со берлинска Херта.
Интерсно е што Баерн по резултатската криза и пет дуели во низа без победа, трите победи ги оствари на гостувањата. Прво во минатато коло со 3:1 го победија Волсфбург, потоа во Лигата на шампионите во Атина со 2:0 беа подобри од АЕК и во саботата со 2:1 од Мајнц.
Баварците повторно не беа убедливи, но успаја да забележат победа. Баерн поведе во 39 минута со голот на Леон Горецка, кој шутираше од волеј по нафрлувањето од Џошуа Кимич. Мајнц израмни во 48 минура преку Жан Боетиус, но во 62 минута Тиаго Алкантара ги врети госите во водство, кои дилемите околу победникот ги решија во 78 минута со погодокот на Чави Мартинез со удар од повеќе од 20 метри.
Баерн со новите три бода се искачи на второт место со 19 бодови, минувајќи ја Борусија Менхенгладбах која во петокот загуби со 1:3 кај Фрајбург и остана со 17 бодови. Мајнц, пак, е моментално 12-ти на табелата со 9 бодови, но во групата екипи кои се бодовно речиси израмнети во загрозената зона за испаѓање
Борусија во Дортмунд двапати беше во водство против Херта, но гостите извлекоа бод, и тоа со гол во последните минути од мечот. Двата гола за порусија го постигна Жадон Санчо, во 27 и 61 минута, додеја Саломон Калу во 41 и од пенал во првата минута од судиското продолжение беше двоен стрелец за Херта, којашто ја прекина серијата на Борусија од седум последователни победи во сите натпреварувања.
Борусија останува на врвот со 21 бод, два повеќе од следниот Баерн, додека Херта го потврди високиот пласман, на петтото место е со 16 бодови.
Волсфбург на гостувањето со 3:0 ја збриша Гортина. Гостите поведоа од пенал во 41 минута кој го реализираше Воут Вегхорст, во 72 минута стрелец беше Јосип Брекало а во 80 минуте гол постигна и Даниечл Гинцек. Ж
Волсфбург е деветти со 12 бодови, додека Фортуна е последна со пет бодови.
Хановер загуби дома од Аугсбург со 1:2. Гостите поведоа уште во 8 минута преку Рани Кедира, а во 63 погоди од пенал Алфред Финбогансон, додека домашните успеаја да го ублажат поразот во 72 минута со голот на Ихлас Бебу. Хановер е 16-ти со шест бодвои, додека Аугсбург направи пробив кон осмото место и има 12 бодови.
Вечерва играат уште Хофенхајм – Штутгарт, а во недела ќе го затворат дуелите Нирберг – Ајнтрахт, Лајпциг – Шалке и Вердер – Баер Леверкузен.