
Знамињата во САД во неделата се спуштени на половина копје по налог на претседателот Доналд Трамп кој најави доаѓање во Питсбург каде што напаѓач уби 11 а рани уште шест лица во најтешкиот антисемитски напад во поновата историја на Соединетите држави, за што е обвине по 29 точки и му се заканува смртна казна.
Напаѓачот, кого властите го идентификуваа како Робер Боуерс, влегол во синагогата „Дрвото на животот“ во Питсбург и со повиците „сите Евреиу мора да умрат“, отворил оган врз верниците собрани на шабат, седмичниот неработен ден за јудеите. Боуерс по престрелка со полицајците, ранувајќи четворица од нив и откако самиот е ранет, се предал. Бил вооружен со јуришна пушка и со уште три парчиња оружје. Пренесен е во болница.
Претседателот Доналд Трамп го осуди „злото масовно убиство“, а неговата ќерка Иванка, којашто и самата е преобратена во јудаизмот, изјави дека „Америка е посилна од чинот на секташки и настран антисемитизам“.
„Не смее да има никаква тлеранција за антисемитизмот или кој и да е облик на верска омраза. Мораме да бидеме крај браќата и сестрите Евреи за да ги победиме антесемитизмот и силите на омразата“, изјави Трамп на предизборниот собир во сојузната држава Илиноис, кој е одржан ворамките на кампањата за изборите за Конргесот на 6-ти ноември, на половината од претседателскиот мандат.
Трамп најави дека наскоро ќе допатува во Питсбург. Нареди сите знамиња да бидат спуштени на половина копје во знак на почест кон жртвите. Сите знамиња во Белата куќа, на владините згради, во камповите за воени обуки, во поморските бази и на воените бродови ќе бидат симнати на половина копје до 31-ви октомври.
Роберт Боуерс, 46-годишен жител на Питсбург, е обвине за нападот и уапсени. Медиумите го најдоа осомничениот на социјалните мрежи и наведуваат дека станува збор за лице кое е следбеник на нацистите и на Адолф Хитлер. Покрај тоа, медиумите велат дека осомничениот искажувал омраза и кон американскиот претседател Доналд Трамп, за кого сметал дека се наоѓа „под контрола на Евреите“.
Меѓу другото, на социјалните мрежи напишал дека еврејската организација за бегалци Hebrew Immigrant Aid Society „сака да носи освоијувачи кои ги убиваат Американците“. „Не можам да стојам настрана и да бидам сведок на убиствата на моите луѓе. Доста ми е повеќе од вашата оптика, тргнувам“, напишал напшаѓачот на социјалната мрежа Gab, којашто е создадена како алтернатива за Twitter.
На Боуерс ќе му биде судено за антисемитски злосторства и му се заканува смртна казна, најави американскиот министер за правда Џеф Сешнс. И самиот претседател Трамп за новинарите пред влегувањето во претседателскиот авион во саботата изјави дека последниот случај на масовно пукање покажуваат дека САД треба да ги заострат своите закони за смртната казна. „Една од работите коишто треба да се направат околу законите поврзани со оружјето, е да се направат построги во однос на смртната казна.. Кога луѓето прават вакво нешто треба да добијат смртна казна“, заклучи американскиот претседател.
Малку потоа, сојузното биро на министерството за правда за Пенсилванија објави дека Боуерс е обвинет по 29 точки од кои 11 за користер огнено оружје со намера да изврши злосторство, а 11 за спречување во извршување на верска служна што резултирало со смрт.
Андидифамациската лига, голема и влијателна организација за борба против антисемитизмот, објави дека станува збор за „најсмртоносниот напад врз еврејската заедница во Соединетите држав“. „Веројатно“, додаде нејзиниот директотр Џејсон Гринблат.
САД во текот на минатата 2017 година имал поголема стапка на напади со антисемитско обележје, со коли 1.986 инцидентио, меѓу кои напаствувања, вандализми и агресија, што е за 57 отсто повече во однос на претходната 2016 година, наведува Антидифамациската лига.
Меѓутоа, особено насилните напади врз Евреите се многу ретки. Неколку американски градови, меѓу кои и Њујорк, најавија во сабоата дека ќе преземат мерки за заштита на верските објекти и места.