И власта и опозицијата се“ уште се консултираат во исчекување на амандманите за промена на Уставот. Во владејчката СДСМ се уште немаат прецизен одговор кога уставните амандмани ќе се најдат пред пратениците.
Опозициските пратеници кои дадоа поддршка на процедурата за промена на уставното име во петокот формираа пратеничка група, а преговорите со власта за нивните предлози ги најавуваат за од понеделник.
Во ВМРО-ДПМНЕ се уште градат стратегија и најавија опозицијата ќе стори се’ да го спречи, како што вели, уништувањето на Македонија
Иако останува можноста ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира процедурата за промена на Уставот со илјадници амандмани, се претпоставвуа дека нема расположение за тоа, иако, конечниот став ќе се гради на координација со пратеничката група, која се најавува од почетокот на идната семица.
Истовремено во Собрание влегува и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија за 27-ми април по скратена постапка. Од опозицијата очекуваат поддршка, власта вели дека нема да се меша во судството
Со или без расправа за законот за амнестија, пратениците ги чека набиена агенда од понеделник. Владата има рок до сабота да ги поднесе амандманите за промена на Уставот. Оптимистичките прогнози се дека тие пред пратениците ќе се најдат уште утре, иако реално е да се очекува тоа да се случи до среда.