
Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес го освои во неделата четвртото место на трката за Големата награда на Мексико, со што на две трки до крајот на сезоната го обезбеди првото место и петтата титула во Светското првенство во Формула 1 за возачи.
Победата во Мексико му припадна на Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул, втор беше Гемранецот Себастија Фетел од Ферати, а трет неговиот клупски колега, Финецот Кими Рајконен.
Ферстапен остана без пол-позицијата на вчерашните квалификации поради најбрзиот круг кој го имаше Даниел Рикиардо во последниот обид, но во неделата одлично возеше во неделата одлично возеше од почетокот до самиот крај, откако дојде на првата позиција по фантастичниот старт. Ова е негова петта победа во кариерата.
Треисет и тригодишниот Хамилтон во текот на трката се соочуваше со многу проблеми, но сепак успеа да стигне до финишот како четвртопласиран, место што беше повеќе од доволно за математички да ја осигура новата титула. Нему пред стартот му беше доволно да се пласира меѓу првите седум возачи.
Хамилтон на две трки до крајот има 358 бодови, а Фетел 294 и максимално може да ја намали разликата за 50 бодови, па ќе остане на бројката од четири титули. Третото место во генералниот пласман за возачите најверојатно оди кај Рајконен кој сега има 236 бодови.
Со петте титули Луси Хамилтон се израмни со легендарниот Аргентинец Хуан Мануел Фанџо, кој победувал во 1951, 1954, 1955, 1956, 1957 година, а на првото место е Германецот Михаел Шумахер кој освои седум титули во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 година.