
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ветуваше дека ќе ја среди јавната администрација, која според него се соочувала со превработеност, немало доволно стручен кадар, а институциите имале несоодветна екипираност, но, сепак не го стори тоа. Напротив, аминистрацијата ја наполни со несоодветен и партиски кадар, кој не ги исполнува условите за одредени позиции на кои се вработени.
Со новите владини реформи, вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор кој за превземањето ќе добие субвенции. Како и по кој основ ќе биде вршено префрлување на вработените од јавниот во приватниот сектор се’ уште не се обзнанува. Сепак, ова дава слика дека е можно бркање од работа на вработени во администрација, а можноста дека тоа првенствено ќе бидат лица кои се партиски неподобни е преголема за да не биде логично забележана.
Институциите ќе се реорганизираат, при што е можно да се појави и потреба од укинување на некои институции, намалување на бројот на управни одбори, односно намалување на трошоците за администрацијата, изјави неодамна Манчевски.
Од една страна, министерот го наметнува проблемот на превработеност во администрација, нивна прераспределба во приватниот сектор, а од друга, посочува дека има постојано потреба од нови вработувања.
„Правиме анализа со која што ќе детектираме што е она што е вишок во институциите , и како што веќе кажавме ќе го понудиме под одредени услови на приватниот сектор“.
„Вработувања во јавниот сектор има, и ќе има, затоа што институциите имаат голема потреба“.