Независниот синдикат на полицијата (НСП) бара почитување на Законот за работни односи во врска со репрезентативноста на синдикатот, во кој тврдат членуваат над 20 проценти од вработените во МВР, како и вклучување во социјалниот дијалог.
Своите барања НСП ги соопшти на синдикалниот марш во кој околу 60-ина возила го обиколија градот, застанувајќи пред Владата, каде што беше изразено незадоволство, па се до МВР.
Таму претседателот на синдикатот, Гоце Делчев Тодев побара најбрзо што може да се подготви решение и да се издаде документ со кој синдикатот ќе функционира согласно законот и ќе бидат вклучени во социјалниот дијалог. Тој меѓу другото побара од министерот за внатрешни работи да не го фаворизира полицискиот синдикат во рамки на ССМ, затоа што, подвлече, му даваат лажна слика за состојбите во полицијата.
Во МВР во моментов, и наназад 20 години, раководи еден центар, не министерот, а тоа ние сме должни да му го пренесеме на министерот, затоа што нема да дозволиме да продолжи хаосот во МВР, изјави Тодев.