Четиритее барања за промена на Уставот на новата пратеничка група на опозиција се прифатливи за Владата. По едночасовната средба во Собранието, премиероифатливи за Владата. По едночасовната средба во Собранието, премиерот Заев и пратеникот Рамчиловиќ велат дека консултациите со сите пратенички групи ќе траат и следните денови, а нацрт амандманите ќе бидат проднесени во петок кога истекува и крајниот рок.
Нашите предлози во најголем дел, за Владата се прифатливи и оттаму ветија дека ќе ги вградат во нацрт-амандмани. Потоа, треба да ги испратат до нас и да видиме дали тоа е направено, изјави по средбата пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
Можам да констатирам дека во дебатата најдовме конкретни насоки којшто ни беа дадени за делот на зајакнување на македонскиот идентитет и во делот на гаранцијата дека процесот ќе оди до крај и нема да биде повторно блокиран од Грција, односно дека уставните амандмани ќе влезат на сила со ратификацијата со Договорот со грчкиот Парламент и за тоа како новото име ќе почне да се преименува внатрешно, изјави премиерот Заев.
Дека нацрт амандамните за промена на македонскиот устав се во согласност со договорот од Преспа ќе треба да потврди и грчката страна. Заев вели дека на ваков начин ќе се докаже зајакнувањето на македонскиот идентитет и затоа очекува на крајот уставните измени да ги поддржат многу повеќе пратеници.
Осумтемина пратеници кои пред 10 тина дена го поддржаа почетокот на процесот за промена на Уставот утрово се обединија во Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, на чие чело застанува пратеничката Елизабета Канческа Милевска. Најавуваат дека во Собранието ќе дејствуваат како опозиција.