
Европската унија соопшти денеска дека ги замрзнала средствата и вовела патни рестрикции за 15 руски државјани, вклучувајќи го и заменик премиерот Дмитриј Козак и заменикот на државната Дума, Људмила Шветсова.
На листата исто така е и Валериј Василевич Герасимов, началник на Генералштабот, како и шефот на руската воена известувачка служба (ГРУ), потполникот Игор Сергун.
ЕУ ги санкционираше и водачите на демонстрантите на истокот на Украина, Денис Пушилин и Андреј Пургин.
Со оваа одлука на членките на ЕУ, вкупниоот број на руски и проруски активисти на листата на санкционирани достигна 48.
Санцкиите на ЕУ не ги вклучуваат шефовите на руските енергетски компании, како што е Игор Сечин, директор на „Росњефта“, кој е на листата на американски санкции.
Лидерите на ЕУ најавија поголеми економски санкции кон Русија, чијашто мета се секторите финансии и енергетика, ако се влоши ситуацијата во Украина, но за тие санкции не е разговарано.