ВИДЕО Прв обид за убиство на Антарктикот

Рускиот инженер Сергеј Савицски со нож го нападна својот колега Олег Белогузов во станицата на Анктарктикот, Белингхаузен, за бизарна причина.

Научникот толку многу се изнервирал кога неговиот колега му го кажал крајот на книгата што ја читал , што го нападнал со нож. И двајцата научници се страствени љубители на книги , така што Савицски , кога колегата му го кажал крајот на книгата, му се нафрлил со нож со намера да го убие.

Савицки веднаш по инцидентот е депортиран во Русија и сега е водомашен притвор во очекување на судско рочиште. Тој за руските медиуми изјавил дека му е многу жал и дека алкохолот имал влијание да избувне на таков начин.

Белогузов е надвор од живтона опасност, но итно бил префрлен со хеликоптер во Чиле со нож во градите. Ножот му го повредил срцето , така што му била извршена операција. Двајцата колеги во станицата на Анктарктикот минале неколку години во целосна изолација.

Со нападот, Сергеј Савицки влезе во историјата, како прв човек што се обидел да изврши убиство на Анктарктикот.

https://www.youtube.com/watch?v=BpQgM2ON0Lw